Home | News | 11.08.2025


Започува 58. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ

📢Оваа недела во Охрид ќе започне 58. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ❗

📌На Школата којашто ќе трае до 28 август ќе учествуваат 60 странски македонисти и слависти од 16 држави, коишто во Охрид доаѓаат да ги продлабочат своите познавања и проучувања за македонскиот јазик, литература и култура.

Пријавени се семинаристи од универзитетските центри од: Албанија, Англија, Бугарија, Полска, Народна Република Кина, Романија, Канада, Руската Федерација, Соединетите Американски Држави, Словенија, Србија, Турција, Унгарија, Франција, Хрватска и Чешката Република.

📌Меѓу семинаристите се и универзитетски професори, значајни истражувачи од славистичкиот свет – лингвисти, книжевници и културолози и книжевни преведувачи, но и нови посветеници на македонистиката коишто искажуваат подготвеност да остварат влог во афирмацијата на македонскиот јазик, литература и култура во светот.

📌Големиот интерес за Школата e уште една потврда за зголемениот интерес за македонистиката во меѓународната академска заедница❗