Отворена втората заедничка годишна конференција на Школата за докторски студии при УКИМ
✨На 26 мај беше отворена втората заедничка годишна конференција на Школата за докторски студии при УКИМ, на која присуствуваа професори, истражувачи, докторанди, студенти и гости од академската заедница.
Конференцијата е посветена на унапредување на научноистражувачката работа, академската соработка и размената на нови идеи и перспективи во современата наука.
Во време на брзи технолошки промени и глобални предизвици, улогата на универзитетите е поважна од кога било. Нашата задача не е само да пренесуваме знаење, туку и да создадеме генерации истражувачи кои ќе умеат критички да размислуваат, да поставуваат нови прашања и да нудат решенија за иднината.
Токму затоа, конференција ја започнавме со предавање посветено на една од најактуелните и највлијателни теми на денешницата – вештачката интелигенција и нејзиниот забрзан развој.
Предавањето на тема „Еволуцијата на вештачката интелигенција: од модели кон автономни агенти“ го одржа проф. д-р Димитар Трајанов, редовен професор на ФИНКИ, еден од водечките македонски научници и експерти во областа на информатичките науки, вештачката интелигенција, податочната наука и дигиталните иновации.
Настанот уште еднаш ја потврди важноста на докторските студии и улогата на УКИМ во развојот на науката, иновациите и академската извонредност.✨









Бул. „Гоце Делчев“ бр. 9, 1000 Скопје, Република Северна Македонија
ukim@ukim.edu.mk
3293-293 (централа)