Home | News | 19.12.2025


78 години Факултет за земјоделски науки и храна – Скопје

На 16 декември 2025 година се одржа свечен наставно-научен совет на Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје, при УКИМ, по повод 78 години од неговото основање и успешно постоење.

Настанот беше можност да се одбележи богатата традиција, научноистражувачките достигнувања и образовната мисија на Факултетот како столб во развојот на земјоделството и прехранбената индустрија во РСМ.

Свечени обраќања имаа деканот проф. д-р Миле Маркоски, ректорката проф. д-р Биљана Ангелова, министерот г. Цветан Трипуновски, како и продеканите проф. д-р Ивана Јанеска-Стаменковска и проф. д-р Билјана Кузмановска. Беа доделени и признанија за најдобрите студенти, како поттик за академска извонредност.

🍺 Посебен впечаток остави студентското пиво, подготвено со поддршка на Пивара Скопје АД, како пример за успешна соработка меѓу академијата и стопанството.

Во рамки на свеченоста беа доделени и благодарници до спонзорите на ISAF 2025, за нивната значајна поддршка.

ФЗНХ – Скопје продолжува да гради современа, динамична и општествено одговорна иднина посветена на науката, земјоделството и младите генерации.