Одржана седница на Советот за квалитет
На 22 ноември беше одржана седница на Советот за квалитет во проширен состав, на кој присустваа претставници од сите единица на УКИМ од редот на деканите, продеканите и советите за квалитет на единиците, како и претставници на УСС. На седницата се обратија ректорката проф. д-р Биљана Ангелова, раководителката на Центарот за квалитет проф. д-р Марина Митревска, Претседателот на универзитетскиот Совет за квалитет проф. д-р Мишо Докмановиќ и претседателката на универзитетската Комисија за самоевалуација проф. д-р Јадранка Блажевска Гилев.
За првпат на Универзитетот е воспоставена е нова структура, надлежна за обезбедување на квалитетот на централно ниво и на ниво на единиците.
Согласно со член 19, став 2, точка 12 и член 55 од Законот за високото образование (Службен весник на Република Македонија бр. 82/18 и Службен весник на Република Северна Македонија бр. 178/21), Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје воспостави систем за обезбедување на квалитет, целосно усогласен со позитивните правни прописи, релевантните искуства во однос на квалитетот на високото образование и со прифатените стандарди и постапки на водичот (насоките) кои се применуваат од Европското здружение за обезбедување на квалитет во високото образование.
Ректорката проф. д-р Биљана Ангелова ја нагласи важноста од имплементација на процесот на управување со квалитетот, нагласувајќи ја неопходноста на овој процес, не само од аспект на Законот за високо образование туку како процес кој ни е потребен за да ги идентификуваме слабите страни и да ги усогласиме наставната, истражувачката и уметничката дејност на Универзитетот со Европските стандарди за квалитет и да обезбедиме подобри услови за студирање и поквалитетна наставата за студентите и подобар квалитет на истражувачката дејност.
За првпат на Универзитетот е воспоставена е нова структура, надлежна за обезбедување на квалитетот на централно ниво и на ниво на единиците.