Студентскиот правобранител на Универзитетот е sui generis функција во академската заедница, воведена со Законот за високото образование (Службен весник на Република Македонија бр. 82/2018). Согласно Законот, секој универзитет избира студентски правобранител од редот на редовните студенти заради:
|
СТУДЕНТСКИ ПРАВОБРАНИТЕЛ НА УКИМУниверзитетскиот сенат на УКИМ, на седницата одржана 28 ноември 2023 година, донесе Одлука за назначување на студентски правобранител на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Савче Ѓошева, студент на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, ќе ја извршува оваа функција во наредниот двегодишен период. |
Овластувања на студентскиот правобранителСтудентскиот правобранител, во рамките на своите надлежности е овластен:
При вршењето на својата работа, студентскиот правобранител се води од принципите на непристрасност, недискриминација, доверливост, достапност, одговорност, отчетност и законитост. |
Постапка за поднесување претставка до студентскиот правобранителПостапката пред студентскиот правобранител се започнува со барање доставено по редовна пошта, непосредно до седиштето на правобранителот или по електронска пошта на studentski.pravobranitel.ukim@gmail.com. Барањето задолжително мора да содржи лични податоци на подносителот (име, презиме, студии/единица на универзитетот, број на индекс, е-mail), околности, факти и докази на кои се темели барањето и назив на органот, односно лицето на кое се однесува барањето. |