Home | News | 10.09.2025


Свечено отворање на меѓународната научна конференција по повод 50 години студии по социологија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Денес свечено ја започнавме меѓународната научна конференција по повод 50 години студии по социологија на УКИМ. Атмосферата беше исполнета со гордост и возбуда – за традицијата што ја негуваме и иднината кон која чекориме.

Свеченото отворање го збогатија поздравните зборови на ректорката на УКИМ, проф. д-р Биљана Ангелова, деканот на Филозофскиот факултет, проф. д-р Оливер Бакрески, раководителот на Институтот за социологија, проф. д-р Ило Трајковски и министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски. Нивните обраќања не потсетија на значењето на социологијата како наука и нејзината улога во современото општество.

Потоа, со голем интерес ја следевме клучната лекција на проф. Frank Welz од Универзитетот во Инсбрук, која отвори многу прашања за тоа како го разбираме поимот „нормалност“ во динамичниот 21 век. Денот продолжи со панел-дискусија „Society in Flux: Contemporary Readings of Normality“, каде научници од земјата и странство разменија идеи и перспективи.

✨ Денес ја почувствувавме силата на науката што ги поврзува генерациите, а утре продолжуваме со нови сесии и инспиративни разговори.