Home | News | 20.10.2025


УКИМ стана дел од семејството на универзитети членки на Европските Универзитетски Алијанси

✨AcrossEU – алијанса од неколку Европски универзитети меѓу кои и УКИМ, неодамна се стекна со епитетот на Европска Универзитетска Алијанса.

Препознавајќи го квалитетот на идејниот концепт на алијансата и неговата компатибилност со начелата на Европската стратегија за универзитетите, потврдени со признанието „Печат за извонредност“ (Seal of Excellence), добиен на последниот повик за формирање на европски алијанси, Европската комисија одлучи да ја додаде AcrossEU кон семејството од 65 Европски Универзитетски Алијанси (https://education.ec.europa.eu/education-levels/higher-education/european-universities-initiative/map).

Со тоа УКИМ и официјално се придружи на големата група од над 570 универзитети во Европа кои развиваат стратешка соработка во насока на подобрување на квалитетот  на високото образование и научно-истражувачката дејност и промоција на Европските вредности.✨