CIRKO
Центарот за истражувања, развој и континуирано образование – ЦИРКО е основан во 2002 година од Машинскиот факултет – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Основна цел на Центарот ЦИРКО е да спроведува истражувања, да поддржува развој во областа на машинското инженерство и да организира и координира професионални обуки во рамките на сите дисциплини кои ги покрива Машинскиот факултет – Скопје. |
INNO FEIT
Согледувајќи ја потребата за поцврста соработка меѓу академската заедница и индустријата, во 2018 година, Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, го отвори Центарот за трансфер на технологија и иновации – ИННОФЕИТ како дел од своите напори да го затвори јазот помеѓу академското образование и практичната експертиза и да ги подготви своите студенти за подобро справување со индустриските предизвици кои претстојат. ИННОФЕИТ е Центар за интеракција меѓу персоналот на ФЕИТ, студентите на ФЕИТ и индустриските партнери што ќе поттикне врски и трансфер на технологија, како и нови иновативни идеи кои ќе помогнат во економскиот раст на секторот и општеството воопшто. |
CIPOZ
За подобро искористување на своите човечки и техлолошките ресурси, Факултетот за земјоделски науки и храна (ФЗНХ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, во 2002 година, го формираше Центарот за применети истражувања и перманентно образование во земјоделството – ЦИПОЗ. Центарот ЦИПОЗ делува во областа на земјоделството, од една страна на зголемување на истражувачката работа, а од друга страна на подобрување на практиката на студентите и фармерите. |
Business Accelerator UKIM
Бизнис акцелератор УКИМ (БАУ) е водечки бизнис-технолошки акцелератор посветен на поттикнување на растот на многу перспективни технолошки претприемачи, стартапи, spin-offs и scale-ups во Република Северна Македонија. Обезбедува поддршка преку:
Покрај Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во основањето на БАУ УКИМ учестрвуваат и дополнителните основачки партнери: РСМ Македонија, Развојната фондација Кримсон и Фондацијата проф. д-р Димитар Стамболиев. |
FABLAB SKOPJE
MFS FABLAB Skopje
ФАБ ЛАБ Скопје е производствена фабрикациска лабораторија на Машинскиот факултет – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Претставува место за истражување, практично учење и изработка на проекти со примена на дигитални производствени алатки. Наменета е за студентите и младите каде имаат пристап до алатки, машини и уреди, каде можат да дојдат и да разменат знаења и практики и да реализираат обуки со цел поттикнување на иновативноста во инженерството и применетите технологии. |
FEIT – FabLAB
ФЕИТ FabLab е фабрикациска лабораторија на Факултетот за електротехника и информациски технологии – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со мисија е да ја поттикнеме културата на практично учење, соработка и иновации во областа на инженерството и технологијата. Целта е да се поттикнат поединците, особено младите луѓе, со вештините и алатките што им се потребни за да ги оживеат нивните идеи, а истовремено да се премости јазот помеѓу академијата и индустријата. |
Inno – FabLAB
Inno – FabLAB е фабрикациска лабораторија на Технолошко-металуршкиот факултет – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. |
МФС УКИМ |
ФЕИТ УКИМ |
ФЗНХ УКИМ |
ФИНКИ УКИМ |
ТМФ УКИМ |