Home | News | 18.05.2026


Камерен оркестар “Солисти на ФМУ” и маестро проф. м-р Сашо Татарчевски

Ништо не е тешко кога се вложува многу љубов: дел од вчерашните патници за Ниш имаа многу долг ден – утрината беа дел од интерната втора аудиција за традиционалниот концерт со оркестарот на македонската Филхармонија, а веќе веднаш потоа се качија во автобус на пат за Ниш.Кратка проба по пристигнувањето, преслекување и концерт, па кратка дружба со колегите од Ниш и на пат накај Скопје. Ова се златните деца на ФМУ – Скопје, кои ни донесоа Гран при и златна лента минатата година, а сега си ја потврдуваат вредноста, градат пријателства и се оформуваат во силни професионалци.

Камерен оркестар “Солисти на ФМУ” и маестро проф. м-р Сашо Татарчевски