Home | News | 20.10.2026


Остварена средба со амбасадорот на ЕУ, Н.Е. Михалис Рокас

✨Ректорката на УКИМ проф. д-р Биљана Ангелова оствари средба со амбасадорот на Европската Унија, Н.Е. Михалис Рокас.

Вчера, 19.10.2026 година , ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Биљана Ангелова, оствари средба со амбасадорот на Европската Унија во Република Северна Македонија, Н.Е. Михалис Рокас.

Во фокусот на разговорите беа актуелните предизвици во високото образование, како и можностите за натамошно унапредување на меѓународната соработка, поддршката на студентските иницијативи и процесите на европска интеграција.

Ректорката Ангелова истакна дека УКИМ останува посветен на обезбедување високи европски стандарди во образованието, зајакнување на научноистражувачката дејност и развој на партнерства кои создаваат нови можности за академска соработка и мобилност на студентите и наставниот кадар.

Соговорниците ја потврдија важноста од континуиран дијалог и соработка во насока на градење поквалитетно и поконкурентно високо образование, засновано врз европските вредности и принципи.✨