Home | News | 21.10.2026


Промоција на доктори на науки од областа на медицинските науки и здравството, општествените науки, хуманистичките науки и природно-математичките науки

✨На 20.10.2026 година беше одржана промоција на доктори на науки од областа на медицинските науки и здравството, општествените науки, хуманистичките науки и природно-математичките науки.

На свечен и традиционален начин, ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Биљана Ангелова, промовираше 20 доктори на науки, кои одбраниле докторски дисертации на Економскиот факултет, Филозофскиот факултет, Правниот факултет „Јустинијан Први“, Стоматолошкиот факултет, Природно-математичкиот факултет и Медицинскиот факултет.

The following candidates were awarded Doctor of Science degrees:

1) Ѓунтер Мерџан – доктор по економски науки
2) Кристијан Кожески – доктор по економски науки
3) Ивона Тасевска – доктор по економски науки
4) Ивона Панџак-Пинева – доктор од подрачјето на хуманистички науки од полето на историја на уметност и археологија
5) Драган Костовски – доктор на науки по меѓународни односи и менаџирање на конфликти
6) Ивона Петрушевска – доктор на правни науки по деловно право
7) Дарко Јанкуловски – доктор на правни науки по деловно право
8) Димитар Спасевски – доктор на правни науки по историја на правото
9) Елена Стојанова Златева – доктор на правни науки по деловно право
10) Ирина Трајковска Зареска – доктор на стоматолошки науки
11) Маја Нумова-Тренческа – доктор на стоматолошки науки
12) Јасмина Ангелевска Костадиноска – доктор на математички науки
13) Маја Доновски Лукаревска – доктор по етнолошки и антрополошки науки
14) Елена Цветковска Богатинова – доктор по хемиски науки
15) Јелена Хиниќ-Јордановска – доктор по биолошки науки – екологија
16) Анѓела Дебрешлиоска – доктор на медицински науки – клиничка медицина од областа на пулмологијата и алергологијата
17) Селим Комина – доктор на медицински науки – базична медицина од областа на патологијата
18) Марта Тунџева – доктор на медицински науки – клиничка медицина од областа на семејната медицина
19) Никола Брзанов – доктор на медицински науки – клиничка медицина од областа на хирургијата
20) Марјан Бошев – доктор на медицински науки – клиничка медицина од областа на кардиологијата✨

Линк до фотографиите: https://photos.google.com/share/AF1QipMmPrMdDU_WXdiBaTH7X5yHF77UndHbPit9JECSTzSlWLPM6speC2nLHnLuAEuIOQ?key=c2RxdkdKclFFdDRDUUlNUThsN2lFNmFJX2pwdW53