Почетна | Новости | 13.12.2022


Потпишан меморандум за соработка со амбасадата на Франција во РСМ

На 12 декември о.г., Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје потпиша Меморандум за соработка со Амбасадата на Франција во РСМ. Од името на двете институции, Меморандумот го потпишаа ректорот на Универзитетот проф. д-р Никола Јанкуловски и амбасадорот на Р Франција во земјава,  неговата екселенција г. Сирил Бомгартнер.
Потпишувањето на Меморандумот е со цел за меѓусебна соработка, иницирана од потребите на високообразовната дејност, за реализирање на следните цели:

  • промовирање на уписите на студиската програма Француски јазик и книжевност, во рамките на Катедрата за романски јазици и книжевности на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот, со зголемување на нивната атрактивност преку зајакнување на мобилноста кон Франција, реализирање активности за промоција и комуникација и подобрување на студиската програма (збогатување/модернизација на програмите, активности во партнерство со Францускиот институт);
  • зајакнување на изучувањето на професионален француски јазик на другите факултети на Универзитетот, првенствено на Економскиот факултет, Правниот факултет „Јустинијан Први“ и Медицинскиот факултет, и додавање на изучувањето корисност (воведување на квалитетни програми) и долготрајност (понуда на часови адаптирани на потребите на студентите, особено преку меѓуфакултетска соработка).

Во таа насока, Филолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Амбасадата на Франција, преку Францускиот институт во Скопје, дефинираат акциски план кој има за цел промовирање на студиите по француски јазик и книжевност преку три области на делување: понуда на стипендии за мобилност кон Франција за студентите на оваа програма на Катедрата; активности за комуникација кон средношколците од 15 средни училишта во РСМ однапред идентификувани; подобрување и збогатување на студиите по француски јазик.
Двете страни се обврзаа да соработуваат во широк спектар на активности и иницијативи од заемен интерес за промоција на уписите, како и зголемување на атрактивноста на студиската програма по француски јазик.