Почетна | Новости | 18.10.2024


65-години изучување италијански јазик на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

На 17.10.2024 година,  на отворањето на научниот собир „65-години изучување италијански јазик на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје“, ректорката проф. д-р Биљана Ангелова во своето поздравно обраќање , истакна: „Мултилингвизмот, веќе одамна дефиниран како приоритетен концепт низ светот е дел и од нашиот концепт, на нашиот универзитет се изучуваат повеќе од 25 странски јазици, меѓу нив е и италијанскиот јазик кој се изучува уште од 1959 г. со отворањето на лекторатот по италијански јазик во рамки на Катедрата за романски јазици и книжевности а потоа и на Катедрата за италијански јазик и книжевност“… „Во оваа пригода, дозволете ми посебно да ја истакнам улогата на Р. Италија за продлабочување и проширување на културната и академската соработка меѓу нашите две земји но и за перманентно следење и помагање на научната и образовната дејност на италијанистиката на УКИМ но и на другите области на нашиот Универзитет.“