Докторските студии опфаќаат активна истражувачка работа под менторство, траат најмалку три години и носат 180 ЕКТС-кредити.
Студиската програма се состои од следните активности:
- Организирана академска обука (42 ЕКТС-кредити);
- Независен истражувачки проект за изработка на докторскиот труд под менторство (докторски проект) (41 ЕКТС-кредит);
- Меѓународна мобилност (6 ЕКТС-кредити);
- Предавања и друг вид комуникациски активности (18 ЕКТС-кредити);
- Објавување во референтни научни публикации и активно учество на меѓународни собири (27 ЕКТС-кредити);
- Изработка и јавна одбрана на докторски труд (46 ЕКТС-кредити).