Фондацијата „Атанас Близнакоф“ продолжува со поддршката за студентска извонредност на УКИМ
Одборот на Фондацијата „Атанас Близнакоф“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на седницата одржана на 4 ноември 2026 година, донесе одлуки за доделување 52 нови стипендии и за продолжување на 99 стипендии за редовни студенти запишани на факултетите во состав на Универзитетот.
Од вкупно 52 нови стипендии, 42 се доделени за студентска извонредност на редовни студенти запишани на прв циклус студии на факултетите во состав на УКИМ, а 10 стипендии се наменети за редовни студенти запишани во прва година на прв циклус студии на факултетите од биотехничките науки, определени во Отворениот повик: Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје; Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“; Природно-математичкиот факултет во Скопје; Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје; Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер во Скопје.
Висината на стипендијата изнесува 2.500 американски долари годишно, во денарска противвредност според средниот курс на Народната банка на Република Северна Македонија. Стипендијата се исплаќа еднаш годишно и е без обврска за враќање.
Со продолжувањето на 99 претходно доделени и доделувањето на 52 нови стипендии, во учебната 2026/2027 година вкупно 151 студент на УКИМ ќе биде опфатен со стипендиската поддршка на Фондацијата „Атанас Близнакоф“.
Преку оваа програма, Фондацијата продолжува да ја поттикнува студентската извонредност и да обезбедува финансиска поддршка за студентите во текот на нивното студирање.
Им честитаме на добитниците и им посакуваме успех во понатамошното студирање!

Blvd. "Goce Delchev" no. 9, 1000 Skopje, Republic of North Macedonia
ukim@ukim.edu.mk
3293-293