Home | News | 09.11.2026


Награда доделена на УКИМ за HR Excellence in Research – признание за извонредност за човечки ресурси во истражувањето

Со особена чест и задоволство информираме дека Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ја доби наградата „HR Excellence in Research“ – признание за извонредност во управувањето со човечките ресурси во истражувањето, доделена од Европската комисија.

Со оваа награда, Европската комисија им оддава признание на институциите кои постигнале напредок во усогласувањето на своите политики за човечки ресурси со принципите на Европската повелба за истражувачи и Кодексот.

Ова признание ги истакнува најдобрите практики во управувањето со човечки ресурси во областа на истражувањето.

Процесот на добивање на оваа престижна награда опфати сеопфатна институционална анализа, прибирање и обработка на релевантни податоци, подготовка на документација за процена на усогласеноста на политиките и практиките на УКИМ со европските принципи, како и изработка на Акциски план со конкретни мерки и активности за нивно понатамошно спроведување.

Добивањето на наградата ја потврдува заложбата на УКИМ за создавање атрактивна и транспарентна работна средина, која ги поттикнува професионалниот развој, мобилноста и извонредноста на истражувачите во сите фази од нивната кариера, почитувајќи ги принципите на правичност и еднакви можности.

Ова признание подразбира и дополнителна одговорност за Универзитетот, која се однесува на доследно спроведување на преземените обврски, реализација на предвидените активности од Акцискиот план и натамошно унапредување на институционалните политики и практики.

Со оваа награда, УКИМ ја потврдува својата стратешка посветеност на континуирано унапредување на истражувачката средина и создавање услови за професионален развој, извонредност и меѓународна конкурентност на своите истражувачи.