Home | News | 17.08.2026


Голем успех за MES Racing: трето место на Formula Student Romania

Студентскиот тим MES Racing, кој го претставува Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, оствари значаен меѓународен успех освојувајќи го 3-тото место во дисциплината Autocross на престижниот натпревар Formula Student Romania.

Formula Student претставува најголемото глобално инженерско натпреварување за студенти, каде што младите инженери самостојно ги дизајнираат, конструираат и ги тркаат своите болиди според строги технички и динамички стандарди.

За тимот MES Racing ова беше прво учество на натпреварот во Романија, што прави освоениот подиум уште поголем успех. Оваа година тимот се натпреварува во својата 3-та последователна сезона, настапувајќи со новиот, втор по ред сопствен болид, кој покажа одлични перформанси, брзина и инженерска прецизност на патеката.

Дел од тимот кој отпатува и учествуваше на трката во Романија беа студентите:

Стефан Стојанов, Григор Јаковлески, Андреа Новева, Андреј Фиданчевски, Антонио Митревски, Емре Амет, Ивана Јовановска, Јован Лазарев, Кордов Диме, Леонида Костова, Марин Митровски, Марко Ангеловски, Марко Затаракоски, Матеј Анастасовски, Мирослав Мишоски, Златко Трајановски, Зоран Ристовски.

Во улога на возачи на натпреварот настапија:
Емре Амет
Марин Митровски
Златко Трајановски
А, на следната трка на тимот ќе му се придружи и возачот Димитар Пренџов.

Тимот нема време за одмор, директно од Романија, студентите веќе патуваат кон својот следен предизвик:

– натпреварот FS Alpe Adria во Хрватска, поддржан од Bugatti Rimac, каде што ги очекува нова можност да ја претстават својата работа и Универзитетот во најдобро светло.