Home | News | 17.08.2026


Започнува 59. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ

✨Од 20 до 29 август во Охрид, ќе се одржи 59. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ.

На школата ќе учествуваат 60 македонисти, слависти, филолози, културолози и преведувачи од 17 земји. Програмата опфаќа лекторски вежби, предавања, интерактивна и амбиентална настава, преведувачка работилница и културноуметничка програма.

По завршувањето на школата ќе се одржи и 53. Меѓународна научна конференција со учество на 75 научни истражувачи од земјата и странство.✨