Иновативен студентски натпревар Team3Win на техничкиот кампус на УКИМ
Финале на УКИМ на иновативниот студентски натпревар Team3Win, спонзориран од престижната автомобилска компанија ADAC Automotive
Посветеноста на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) за продлабочување на соработката со индустријата и поттикнување на нови таленти помеѓу студентите, придонесува кон технолошки развој создавајќи динамична синергија, која им користи на студентите и на поширокото општество. Од меморандумот за академија – индустрија соработка, склучен во февруари 2024 година помеѓу УКИМ by ADAC Automotive од УСА, произлезе иновативниот студентски натпревар Team3Win, организиран во техничкиот кампус на УКИМ под спонзорство на ADAC. |
На 19.06.2024, на Машинскиот факултет се одржа финалето на Team3Win, спонзориран од престижната автомобилска компанија ADAC Automotive. Tемата на инженерскиот предизвик беше поставена на почетокот од семестарот, од страна на ADAC Automotive, и гласеше:
Како ќе се влегува/излегува од автомобил во 2040? Од пријавените 25 тимови, во финалето влегоа 8 тима. На јавната презентација пред жири составено од претставници на компанијата и на Факултетот, се слушнаа одлични иновативни идеи развиени од тимовите на студенти. Првите три пласирани студентски идејни решенија, се здобија со награди подготвени од страна на компанијата ADAC Automotive и истите ќе влезат во втора фаза на подршка, преку изработка на прототипи. Победници се следните три идејни решенија:
|
Преку оваа иницијатива, на студентите од Машинскиот факултет (МФС), Факултетот за информатички технологии (ФИНКИ) и Факултетот за електротехника и информациско инженерство (ФЕИТ) им се дава пристап до напредни ресурси, менторство од искусни професионалци и финансиска поддршка за развој на најсовремени проекти, кои се движат од одржливи дизајни на возила.
Ова партнерство не само што го подобрува образовното искуство на студентите, туку го поттикнува и духот на иновативноста и претприемништвото, подготвувајќи ја следната генерација инженери да се справат со предизвиците на автомобилската индустрија. Инспиративната соработка помеѓу индустријата и академијата го покажува патот за примена на теоретското знаење во практиката, обезбедувајќи им на студентите непроценливо искуство преку решавање на реални проблеми од индустријата. |