Home | News | 05.09.2025


Најдобро дипломираните студенти-инженери на УКИМ – добитници на „Инженерски прстен 2025“

На 3 септември 2025 година, на Плаошник во Охрид, 14 најуспешни дипломирани инженери од државата ја добија престижната награда „Инженерски прстен“. Од нив, 9 се од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.

Инженерски прстен е уникатно признание во регионот, но и многу пошироко, што овозможува преку наградување на најдобрите дипломирани студенти да се промовира инженерството и науката како стожери за развојот на општеството. Истовремено, овој чин ја нагласува елитноста што треба да ги поттикне младите за професионално усовршување, насочувајќи ги кон истражувања, развој на иновативната мисла и претприемништвото.

Ова признание е етаблирано од страна на Инженерската институција на Македонија и од 2003 година го доделува претседателот на државата во соработка со Комората на овластени архитекти и инженери.

Драги студенти, нека ова признание биде само почеток на многу идни успеси!✨