Home | News | 09.09.2025


Одржана средба помеѓу Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Министерството за локална самоуправа

Одржана средба помеѓу Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Министерството за локална самоуправа.

Денес, на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, ректорката проф. д-р Биљана Ангелова оствари средба со министерот за локална самоуправа Златко Перински.

На средбата беше дискутирано за концептот за воспоставување на Ресурсен центар за поддршка на општините, кој ќе обезбедува експертска и консултативна помош во различни области согласно потребите на општините.

Во насока на продлабочување на соработката, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Министерството за локална самоуправа во наредниот период ќе ја зацврстат оваа иницијатива со потпишување на Меморандум за соработка.