Избор на претседател на Интеруниверзитетската конференција
Проф. д-р Биљана Ангелова, актуелна ректорка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е новата претседателка на Интеруниверзитетската конференција на Република Северна Македонија.
Новата претседателка ќе биде на чело на ова тело во наредните 2 (две) години почнувајќи од 1.10.2024 година.
Одлуката за избор на претседател беше едногласно донесена од страна на членовите на Интеруниверзитетската конференција.
Изборот на нов претседател на Интеруниверзитетската конференција се спроведе поради изминување на мандатот на досегашниот претседател академик, проф. д-р Абдулменаф Беџети, ректор на ЈИЕ Универзитет во Тетово.
Пред Интеруниверзитетска конференција на чело со новата претседателка стојат многу предизвици во високото образование.
Интеруниверзитетска конференција е форма на соработка и тело преку кое се усогласуваат заедничките интереси на акредитираните државни и приватни високообразовни установи во Република Северна Македонија и во чии рамки се одлучува за прашања од заеднички интерес за сите високообразовни организации во државата.
Prof. Dr. Biljana Angelova, current Rector of Ss. Cyril and Methodius University in Skopje, has been elected as the new President of the Inter-University Conference of the Republic of North Macedonia.
She will serve a two-year term, beginning on October 1, 2024. The decision to elect Prof. Angelova was unanimously approved by the members of the Inter-University Conference.
Her election follows the expiration of the term of the outgoing president, Academician Prof. Dr. Abdylmenaf Bexheti, Rector of the South East European University in Tetovo.
Under Prof. Angelova’s leadership, the Inter-University Conference will address various challenges facing higher education.
The Inter-University Conference serves as a collaborative body for accredited public and private higher education institutions in North Macedonia, aligning their common interests and addressing issues of mutual concern.