Home | News | 13.01.2026


Проф. д-р Огнен Спасовски, Филозофски факултет, најдобар научник за општествени науки

✨Проф. д-р Огнен Спасовски од Филозофскиот факултет е добитник на Наградата на УКИМ за најдобар научник во општествени науки за 2024 година. Тој истражува во доменот на психолошките науки, со фокус на еволуциските механизми во основата на психичките процеси и однесувањето на луѓето, како и проучувањето на факторите на психолошката добросостојба на ниво на индивидуа, заедница и во образовен контекст.

Во своите трудови обработува истражувања на поврзаноста на социо-економските околности и љубовта како емоција што ја зајакнува посветеноста и приврзаноста меѓу партнерите, но и ефектите на анксиозноста, импулсивноста, автодеструктивноста и тешкотиите поврзани со намалено внимание и хиперактивноста.​

Во 2024 година објавува научни трудови и студии и активно учествува во меѓународни експертски тела (Council of Europe, ETF, RCC). Научната продуктивност во 2024, содржи трудови во Science Advances, дел од портфолиото на престижното списание Science. ​​✨