Home | News | 18.04.2024


Средба на ректорката на УКИМ проф. д-р Биљана Ангелова и ректорот на Универзитетот за странци во Перуџа проф. д-р Валерио Де Чезарис

На Универзитетот за странци во Перуџа (Италија) остварена средба на ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” проф. д-р Биљана Ангелова и ректорот на Универзитетот за странци во Перуџа проф. д-р Валерио Де Чезарис

На покана на ректорот на Универзитетот за странци во Перуџа проф. д-р Валерио Де Чезарис, од 18 до 20 април 2024, во Перуџа престојуваше ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” проф д-р Биљана Ангелова. За време на престојот ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” професор д-р Биљана Ангелова оствари и средба со ректорот на Универзитетот за странци во Перуџа професор д-р Валерио Де Чезарис на која се разговараше за досегашната успешна соработка помеѓу двата универзитети особено во развојот на италијанистиката на УКИМ. Се потврди долгогодишното пријателство помеѓу двата универзитета и се истакна исклучителното значење на соработката за академската и културната размена помеѓу Македонија и Италија.

Исто така, во текот на средбата се разговараше и за проширување на соработката од различни аспекти, вклучувајќи ги размената на студенти и професори од други факултети помеѓу двата универзитети, заедничко учество во европски проекти и програми за стипендии, како и организирање на заеднички настани, семинари и конференции. Оваа соработка има за цел да отвори нови можности за учење и развој за студентите и наставниот кадар на двета универзитети, со искористување на научните и стручните ресурси кои се на располагање.

Во рамките на престојот ректорката проф д-р Биљана Ангелова присуствуваше на завршната конференција на проектот LMOOC4SLAV (Romance languages for Slavic – speaking university students) која се одржа во просториите на Универзитетот за странци во Перуџа (Италија) на која беа презентирани резултатите од проектот. На средбата, покрај проф. д-р Радица Никодиновска, факултетски координатор на проектот и проф. д-р Александра Саржоска, учесник во проектот учествуваа и претставници од повеќе европски универзитети.