Вонр. проф. д-р Мартин Николовски, Факултетот за ветеринарна медицина, најдобар научник за ветеринарни и земјоделски науки

✨Вон. проф. д-р Мартин Николовски од Факултетот за ветеринарна медицина е награден како најдобар научник на УКИМ во подрачјето ветеринарни и земјоделски науки за 2024 година. Неговиот научен интерес е насочен кон репродукцијата кај домашни животни, биотехнологиите во размножувањето и клиничката ветеринарна пракса.
Работи на теми поврзани со криопрезервација, оптимизација на репродуктивни протоколи кај говеда под топлотен стрес, како и на клинички студии за ендокрини заболувања и рационална употреба на антимикробни лекови. Истражува и појава и генотипизација на вирусни заболувања кај риби од економско значење.
Во 2024 година објавува повеќе научни трудови и учествува на меѓународни конференции, што придонесува за висока видливост на неговите резултати. Комбинацијата од публикации, проекти и практичен клинички ангажман, ја потврдува неговата висока научна продуктивност.✨


Blvd. "Goce Delchev" no. 9, 1000 Skopje, Republic of North Macedonia
ukim@ukim.edu.mk
3293-293