Проф. д-р Владо Бучковски е избран за претседател на Универзитетскиот сенат за мандатен период од една година

✨На 23 јуни о.г., на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје беше одржана конститутивната седница на Универзитетскиот сенат за мандатниот период од 1 јули 2026 година до 1 јули 2029 година.
Во рамки на седницата, согласно утврдениот дневен ред, беше спроведен процесот на конституирање на Универзитетскиот сенат.
За таа цел, беше формирана Верификациона комисија, која изврши верификација на мандатите на членовите на Сенатот.
Во продолжение, Сенатот пристапи кон избор на претседател на Универзитетскиот сенат. Беше формирана Изборна комисија, која ја спроведе постапката во согласност со важечките прописи и акти на Универзитетот. По спроведеното гласање, за претседател на Универзитетскиот сенат за мандатен период од една година беше избран проф. д-р Владо Бучковски, од Правниот факултет „Јустинијан Први“.
Со одржувањето на конститутивната седница и донесените одлуки, официјално започна функционирањето на новиот состав на Универзитетскиот сенат, кој ќе ги извршува своите надлежности во согласност со законските и статутарните одредби на Универзитетот.✨

Бул. „Гоце Делчев“ бр. 9, 1000 Скопје, Република Северна Македонија
ukim@ukim.edu.mk
3293-293 (централа)