Home | News | 14.10.2025


Повик за платена научна пракса на Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија

Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија (JRC) нуди платенa научнa пракса за научни практиканти. Подетални информации, профил на кандидати и критериуми се достапни во Анекс I во следниов линк за апликација: https://recruitment.jrc.ec.europa.eu/graduate-trainees?fbclid=PAZXh0bgNhZW0CMTEAAacx1DtUDccDoyoUWneL4mdRGatAmACO3tlY4q1DwSN0SLhysc7VYbBmfwtuXw_aem_-UExkctzLlrEjnPq0VkUhA

За практикантствата што почнуваат во март 2026 година, JRC овозможува учество на околу педесет (50) научни практиканти, во различни тематски области како здравство, индустрија и вселена, природни ресурси, мобилност, граѓанска безбедност за општеството, животна средина и климатски промени, нуклеарна безбедност и сигурност, управување со кризи, дигитална трансформација и податоци, сајбер безбедност, вештачка интелигенција итн.

Местото на пракса може да биде едно од следниве локации на JRC: Гел (Белгија), Испра (Италија), Карлсруе (Германија), Петен (Холандија) или Севиља (Шпанија).

Лицата кои ќе аплицираат на Повикот потребно е да пратат потврда за својата апликација на следната e-mail адреса: n.p.kostovska@ukim.edu.mk