Одржана работилница на тема: Заеднички студиски програми – joint / double degree study programs
На 19.11.2024 г. се одржа работилница на тема: Заеднички студиски програми – joint / double degree study programs на која се дискутираше за значењето и придобивките од креирањето на заеднички студиски програми со партнерски универзитети, како дел од процесот на интернационализација на УКИМ.
Настанот го отвори ректорката, проф. д-р Биљана Ангелова, која се осврна на значењето од креирање заеднички студиски програми – joint / double degree за интернационализација и афирмација на УКИМ. Програмите за заедничко учење промовираат академска размена, ги подобруваат образовните искуства и ја поттикнуваат меѓународната соработка меѓу студентите и институциите. Тие отвораат можности студентите да се здобијат со уникатна комбинација на знаења и вештини кои ги одвојуваат од другите и ги подобруваат нивните кариерни можности на пазарот на трудот.
На настанот беа присутни претставници од факултетите, институтите и претставници на Агенцијата за кавлитет во високото образование, со цел запознавање со текот и активностите на овие процеси. Беа споделени и позитивните искуства од факултетите и институтите кои веќе имаат заеднички студиски програми со универзитети од Европа и регионот, како и предизвиците со кои се соочуваат при нивна акредитација.
Модели и искуства за начинот на креирање и реализирање на заеднички студиски програми на работилницата презентираа:
– проф. д-р Анета Цекиќ, ИСППИ; Заедничка студиска програма од втор циклус студии – joint degree: Интеграција и управување (Posig) и JoPScip (Еразмус+ CBHE проект), во соработка со други 8 европски универзитети
– проф. д-р Марија Календар, ФЕИТ; Заедничка студиска програма од втор циклус студии – double degreе: Dedicated Embedded Computer Systems and Internet of Things , во соработка со Универзитетот за применети науки „Анхалт“, Германија.