ДЕН ЗА КАРИЕРЕН РАЗВОЈ НА УКИМ
Ве покануваме на настанот „ДЕН ЗА КАРИЕРЕН РАЗВОЈ НА УКИМ“, што оваа година ќе се одржи на 14 и 15 април, на кампусот на техничките факултети на УКИМ.
Настанот е во организација на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Центарот за кариера на УКИМ, овојпат во соработка со БЕСТ (Бордот на европски студенти по технологија – БЕСТ Скопје), по повод нивниот 20-годишен јубилеј, а со цел доближување на компаниите до студентите, проширувајќи ги нивните кариерни можности.
На овој настан, компаниите ќе имаат можност за остварување директен контакт со студентите и презентирање на можностите за вработување и практиканство за време и по завршување на студиите, со што студентите ќе се мотивираат и поттикнат во понатамошниот кариерен развој.