Home | News | 21.10.2025


Се одржa 38-та копаничарска колонија во Бигорскиот манастир во организација на ФДТМЕ

✨Во Бигорскиот манастир се одржa 38-та копаничарска колонија, во организација на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер (ФДТМЕ) и со учество на Здружението на копаничари на Македонија (ЗКМАК). Настанот беше отворен од претседателот на ЗКМАК, г. Никола Михајловски, ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Биљана Ангелова, и деканот на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер (ФДТМЕ), проф. д-р Ѓорги Груевски. Колонијата се одржува од 18 до 23 октомври 2025 година и обединува истакнати мајстори-резбари и млади уметници од повеќе градови низ државата.

Во рамките на програмата учествуваат и студенти од ФДТМЕ при УКИМ, кои преку практична работа и непосредна соработка со искусни резбари ги надградуваат своите знаења и вештини во областа на дизајнот, дрворезбата и уметничката обработка на дрво. Оваа активност претставува значаен дел од континуираните напори на факултетот за поврзување на академското образование со реалната професионална практика.

Учество на Универзитетот и ФДТМЕ во вакви иницијативи придонесува за промовирање на применетата уметност, негување на културното наследство и поттикнување на нови генерации млади креативци. Колонијата претставува пример за успешно партнерство меѓу универзитетската средина и уметничко-занаетчиските организации во насока на развој на современо и практично ориентирано образование.✨