Почетна | Новости | 05.10.2024


На ден 26.9.2024 година, беше одржана промоција на доктори на науки, од областа на медицинските науки и здравството, општествените науки и хуманистичките науки

На ден 26.9.2024 година, беше одржана промоција на доктори на науки, од областа на медицинските науки и здравството, општествените науки и хуманистичките науки.

На свечен и традиционален начин, ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Биљана Ангелова, промовираше 19 доктори на науки кои одбраниле докторски дисертации на Медицинскиот факултет, Фармацевтскиот факултет, Правниот факултет „Јустинијан Први“, Филозофскиот факултет и Факултетот за драмски уметности во Скопје.

Промоцијата на доктори на науки се одржа во големата сала на Ректоратот, со почеток во 12;00 часот.

Во доктори на науки беа промовирани следните кандидати:

1. Цветанка Волкановска Илијевска
Доктор на медицински науки – клиничка медицина од областа на ендокринологијата

2. Арзана Хасани Јусуфи
Доктор на медицински науки – клиничка медицина од областа на гастроентерохепатологијата

3. Маја Јажева Давчевска
Доктор на медицински науки – клиничка медицина од областа на интерната медицина

4. Ненад Митрески
Доктор на медицински науки – клиничка медицина од областа на радиотерапијата и онкологијата

5. Вилијам Велковски
Доктор на медицински науки – клиничка медицина од областа на ортопедијата

6. Анче Волкановска Николовска
Доктор на медицински науки – клиничка медицина од областа на гастроентерохепатологијата

7. Јасна Бушиноска
Доктор на медицински науки – клиничка медицина од областа на анестезиологијата со интензивното лекување

8. Софија Поп-Јорданова
Доктор на науки по јавно здравство

9. Зана Мустафа
Доктор на фамацевтски науки

10. Радмила Миленковска
Доктор на фамацевтски науки

11. Фатима Салифоска
Доктор на политички науки

12. Марија Андреева
Доктор на политички науки

13. Ебру Ибиш
Доктор на правни науки по казнено право

14. Катерина Бучковска
Доктор на политички науки од областа на меѓународни односи

15. Ана Виткова
Доктор на правни науки по меѓународно право

16. Мартина Неделковска Инџекарова
Доктор по општествени науки од полето на безбедност, одбрана и мир

17. Жанета Чонтева
Доктор по психологија

18. Аделина Хаскај
Доктор од подрачјето на општествени науки – дефектологија

19. Ментор Зумберај
Доктор по драмски уметности

Сите фотографии може да ги најдете на линкот https://photos.app.goo.gl/XxfapECXvt7neU3E6