Home | News | 10.11.2026


По повод Светскиот ден на науката за мир и развој – 10 ноември, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ја започна иницијативата „Месец на науката на УКИМ 2026“

Првиот настан, Денот на младите истражувачи, се одржа во Аулата на Ректоратот преку отворена постер-сесија. Номинираните млади научници од сите единици на УКИМ ги презентираа своите истражувања и иновативни резултати пред академската заедница, отворајќи простор за нови научни соработки и интердисциплинарна размена на идеи.

Целта на оваа манифестација е промоција на научноистражувачката и уметничката извонредност, како и афирмација на младите таленти.

Ги покануваме сите студенти, истражувачи и поддржувачи на науката да ги следат претстојните настани од програмата!

Линк до фотографиите:
https://photos.app.goo.gl/CWCdyGt2iiG9fnw88