Почетна | Новости | 20.04.2024


Уметничко биенале во Венеција 2024

Трансмедијалниот и транснаративен проект „Inter Spem et Metum“ на ликовната уметница Славица Јанешлиева, професорка на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, е национален претставник на 60. Уметничко биенале во Венеција.
Македонскиот павиљон е преставен во објектот „Scuola dei Laneri“ во Венеција.
Делото на професорката ќе биде изложено за светската публика на ова престижно Уметничко биенале, во периодот 20 април – 24 ноември 2024.